Приоритет на институциите предводени од СДСМ во време на глобална економска и енергетска криза е заштита на стандардот на граѓаните и ликвидноста на стопанството.
Антикризниот пакет составен од 26 мерки вредни 400 милиони евра веќе дава резултати.
Од денеска целосно се укинува ДДВ на основната храна. Ова значи дека сите маркети кои продаваат леб, брашно тип-400, млеко со масленост од 2%, од 3,2 и 3,5% масленост, бел шеќер, сончогледово масло, месо и други кланични производи за јадење, бел ориз и јајца од денеска издаваат фискални сметки за овие производи со ДДВ од 0%.
Цените на основните производи остануваат стабилни.
Со навремени мерки ги штитиме граѓаните од ценовен шок на основната храна.
СДСМ продолжува со реализација на мерки и политики што го заштитуваат стандардот на граѓантие и обезбедуваат економска стабилност. –велат од Центар за комуникации со јавноста на СДСМ