HomeАктуелноСедница на владата за новиот пакет мерки на ЕУ поради ситуацијата во Украина

Седница на владата за новиот пакет мерки на ЕУ поради ситуацијата во Украина

Владата на Република Северна Македонија, денеска, 24.02.2022 година (четврток) ќе ја одржи 17-тата редовна седница.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На оваа седница на разгледување и усвојување е Информацијата за новиот пакет на рестриктивни мерки на ЕУ во поглед на ситуацијата во Украина со препорака за придружувањето на Северна Македонија кон сите одлуки на ЕУ за овој вид на рестриктивни мерки.

Министрите денеска ќе ја разгледаат и Информација за потребата од обезбедување сместување на државјани на Северна Македонија и членовите на нивните семејства по нивна евакуација од Украина.

За заклучоците и одлуките од седницата, којашто е предвидено да започне во 11:00 часот, јавноста ќе биде информирана со соопштение, веднаш по нејзиното завршување.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.