Вчера во Ресен и Новаци се формираа Општински организации на Движење ЗНАМ – За наша Македонија. За Претседателка во Ресен избрана е Фросе Ѓоргиевска, а во Новаци за Претседател избран е Кире Јовановски. Добредојдовте во семејството. Продолжуваме понатаму…објави претседателот на партијата ЗНАМ и актуелен градоначаник на општина Куманово, Максим Димитриевски.
Партијата Движење ЗНАМ за Наша Македонија продолжува да РАСТЕ !! Формирањето на ОО ЗНАМ за Наша Македонија во Општина Новаци е уште еден доказ за нашите правилни политики. ЗНАМ за Наша Македонија РАСТЕ!, напиша на социјалната мрежа facebook актуелниот пратеник од редовите на ЗНАМ, Миле Цеков.