HomeАктуелноСе најде хотел за Лев Тахор, хотел во Горно Лакочереј ги отвори вратите за гостите?

Се најде хотел за Лев Тахор, хотел во Горно Лакочереј ги отвори вратите за гостите?

Припадници на еврејската група Лев Тахор станаа нови жители на Горно Лакочереј, охридско откако сопственикот на познат хотел ги отвори вратите за овие гости, кои беа протерувани и мака мачеа да најдат соодветно сместување во Скопје, кога никој од сопствениците на хотелите не сакаше да ги прими.

За потсетување групата со силни притисоци изминатата недела беше протерана од Куманово, од локацијата на која прв пат се пријавија.

Жителите на ова охридско село веднаш штом ги виделе, велат оваа група треба да си замине од селото. Тие веќе се организираат да протестираат.

Интересно е тоа што оваа група се сместува во рурални средини, а неразбирливо е зошто кога не се прифатени од средината упорно остануваат?!

Инаку групата не наиде на топол пречек ниту во Босна и Херцеговина (БиХ), од која заминале неодамна.

Од МВР уведуваат дека оваа група е со  легален престој и привремено престојуваат во државава.

Во групата од 38 члена, како што претходно информираа од кумановската полиција, има американски, канадски, белгиски и граѓани од Јужна Америка, кои како што посочија, имаат легални патни исправи односно документи и имаат одобрен престој во земјава.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.