HomeАктуелноСЕ ОГЛАСИЈА И ОД ЗАПАДОТ: ОН и НАТО му ја честитаа победата на Ердоган

СЕ ОГЛАСИЈА И ОД ЗАПАДОТ: ОН и НАТО му ја честитаа победата на Ердоган

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш му честиташе на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за победата на претседателските избори во Турција, изјави портпаролот на ОН Стефан Дујарик.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Ердоган вчера победи во вториот круг од претседателските избори со 52,14 отсто, додека неговиот противкандидат Кемал Киличдароглу 47,86 отсто, покажуваат податоците на Врховниот изборен совет /ИСК/.

Дужарик изјави дека генералниот секретар се радува на натамошното зајакнување на соработката меѓу Турција и ОН, пишува РИА.

И ЕУ, како и НАТО, му честитаа на Ердоган за реизборот, а честитки упатија и американскиот претседател Џозеф Бајден и поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

На Ердоган меѓу првите му честитаа лидерите на Унгарија, Азербејџан и Узбекистан. Честитки упатија и британскиот премиер Риши Сунак, како и лидерите на Германија, Франција и Италија.

Во меѓувреме, синоќа Ердоган, говорејќи пред претседателската резиденција во областа Бестепе во Анкара, изјави дека сите „валкани игри“ во однос на Турција пропаднале.

– Зарем германските, француските, британските списанија не објавија корици за да го уништат Ердоган? И изгубија. Видовте какви сојузи се прават против нас веќе неколку месеци – им порача Ердоган на своите поддржувачи.

Ердоган рече дека најгорливото прашање во Турција во моментов е високата инфлација и посочи дека неговата влада има искуство да ја урне.

Тој, исто така, вети дека ќе го спроведе проектот за гасен центар претходно предложен од рускиот претседател Владимир Путин.

Вчера Путин му честиташе на Ердоган за неговиот реизбор, велејќи дека победата на турскиот лидер е јасен доказ за поддршката на народот за неговите напори за зајакнување на државниот суверенитет и водење независна надворешна политика.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.