HomeАктуелноСе отпеа и „Бисер Балкански“, започнува натпреварувачкиот дел на регионалното музичко шоу „IDJ Show“ – Поддршка за охриѓанецот Митко Георгиевски

Се отпеа и „Бисер Балкански“, започнува натпреварувачкиот дел на регионалното музичко шоу „IDJ Show“ – Поддршка за охриѓанецот Митко Георгиевски

Митко Георгиевски е еден од годинашните учесници на регионалното музичко шоу „IDJ Show“.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

22-годишниот охриѓанец Митко Георгиевски до сега помина две аудиции и една емисија каде беше оценат од жири-комисија.

Оваа аудиција за мене претставува еден нов почеток, па ќе видиме што ќе биде понатаму, истакна Митко.

Првата нумера со која се претстави беше хитот на Саша Матиќ „Наџи нову љубав“. По првата успешна аудиција, Георгиевски продолжи кон втората аудиција каде се претстави со музичка нумера од Lexington со „Дугијем ти себе“.

Во текот на аудицијата, Митко ни открива дека има напишано неколку свои песни кои не се испеани,  односно дека се уште се во фиока.

Имено, Митко покрај вокалистичкот дел, настапува и со свирење гитара.

А покрај српското, во емисијата не остана рамнодушен и на „Бисер балкански“, така што пред жири-комисијата ја отпеа и една од најубавите македонски песни.

Инаку, Митко во Охрид и другите градови низ Македонија настапува со својот бенд кој е добро познат на публиката во Охрид а и во останатите градови, Балканикос Бенд.

Жири комисијата е составена од познатите српски пејачи Наташа Беквалац, Реља Поповиќ и најголемиот наш хит-мејкер Дарко Димитров.

Имено, IDJ Show е музичко талент шоу чија нова сезона ќе ја гледаме ексклузивно на ТВ Сител. Се работи за прво регионално шоу фокусирано на новосоздадена урбана музика која е особено популарна на дигиталните медиуми и воедно шоу преку кое се вложуваат милиони во развој на кариерата на нови музички ѕвезди. Учесниците во ова шоу развиваат и своја дигитална платформа, а со самото тоа добиваат можност од микро инфлуенсери да станат големи ѕвезди на јавната музичка сцена.

Од над 1.500 пријавени кандидати на аудициите, само 12 од нив ќе добијат шанса да станат ѕвезди. По аудициите и првата студиска епизода, започнува натпреварувачкиот дел. По секоја епизода и изведба, учесниците ќе добиваат поени од тренерите, но и од публиката преку нивните кликови, лајкови, споделувања и прегледи. Популарноста на социјалните мрежи е она што ќе ги држи кандидатите во или надвор од играта, па затоа поддржете ги вашите фаворити сѐ до самиот крај на натпреварувањето.

Бројни позитивни коментари има и од самите гледачи на музичкото шоу, така што Митко останува да работи на своите настапи, а ние да ја даваме целата наша поддршка за нашиот кандидат.

Во продолжение фото-галерија:

Забрането преземање и копирање/ Фото: Приватна архива

 

Е.Р | powerinfo.mk

 

 

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.