На 29.05.2023 година во 05.45 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е И.Г.(38) од Охрид. Тој, претходно, во семејниот дом, по претходна расправија со неговата сопруга, оштетил дел од куќниот инвентар и бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
