HomeАктуелноСилен земјотрес го погоди Истанбул, има повредени

Силен земјотрес го погоди Истанбул, има повредени

Од канцеларијата на гувернерот соопштија дека 236 лица се повредени, најчесто поради скокање од височина во обид да избегаат од објекти во паника. Сите се хоспитализирани, но нема животно загрозени.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала го погоди Истанбул во средата, при што најмалку 236 лица се повредени, соопштија властите.

Епицентарот на земјотресот бил во истанбулската општина Силиври, според Управата за катастрофи и вонредни состојби (AFAD). Земјотресот се почувствувал низ цел Истанбул, кој има над 15 милиони жители, како и во соседните провинции, што предизвикало паника меѓу граѓаните кои масовно излегувале од згради, јавува агенцијата Анадолија.

Земјотресот се случил на длабочина од речиси 7 километри и траел 13 секунди, изјави министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.