HomeАктуелноСиноптичарите со нова временска прогноза – Еве какво време ќе имаме за неработните денови

Синоптичарите со нова временска прогноза – Еве какво време ќе имаме за неработните денови

Времето денеска ќе биде променливо облачно, од пладневните часови ќе биде нестабилно со појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 18 до 24 степени.

Следува период на променливо облачно и топло време, а во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, проследени со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за изолирана појава на град.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.