HomeАктуелноСнег се очекува и на пониските места, синоптичарите со детална временска прогноза!

Снег се очекува и на пониските места, синоптичарите со детална временска прогноза!

Облачно со повремени врнежи, кои во западните и јужните делови ќе бидат поројни и обилни (над 50 l/m2). На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег, а во некои пониски места од дожд и снег. Во југоисточните делови ќе бидат само од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а на планините засилен северен ветер.
Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6 степени.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Облачно со врнежи од дожд, повремено пообилни, а на околните планини од снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец кој краткотрајно ќе засилува.
T= 5 °C, P= 985 hPa, U= 92 %, V= 3 m/s.
(Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер)

Облачно со повремени врнежи од дожд и снег, наместа во западните и јужните делови пообилни (над 30 l/m2). На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Во Скопје облачно со врнежи од дожд, повремено пообилни, а во повисоките делови од котлината од дожд и снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 02.12.2024

Минимална температура: -3°C до 4°C
Максимална температура: 2°C до 8°C

Наутро облачно со локални врнежи од дожд и снег со слаб интензитет. Преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

 

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.