Нова можност за вработување во Собранието на Република Македонија, со месечна нето-плата од 63.145 денари!
Се бара еден извршител за работното место Помошник раководител на Секторот за протоколарни работи.
Кандидатите треба да имаат завршено високо образование, најмалку 4 години работно искуство во струката, како и положен испит за административно управување. Потребно е и активно познавање англиски, француски или германски јазик.
Работното време е од понеделник до петок, 40 часа неделно, со почеток помеѓу 08:00 и 09:00 часот.
Рок за пријавување: 9 ноември 2026 годин
