HomeАктуелноСоветниците на општина Охрид денес ќе одлучуваат дали Домот на културата во „Кошишта“ ќе го носи името на почитуваниот охридски културен и просветен работник Методија Бараковски-Менде

Советниците на општина Охрид денес ќе одлучуваат дали Домот на културата во „Кошишта“ ќе го носи името на почитуваниот охридски културен и просветен работник Методија Бараковски-Менде

Денес советниците ќе одлучуваат Домот на културата во „Кошишта“ да го носи името на почитуваниот охридски културен и просветен работник Методија Бараковски-Менде.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Со цел да се оддаде достојна почит и вечен спомен на почитуваниот охридски културен и просветен работник Методија Бараковски-Менде на моја лична иницијатива до Советот на Општина Охрид поднесена е Предлог одлука за Домот на културата во Урбана заедница „Кошишта“ да го носи неговото име.
 Предлог одлуката за новиот назив на културниот објект кој е во сопственост на Општина Охрид е доставена како дополнување на дневниот ред на 52 рата седница на Советот на Општина Охрид, која ќе се одржи утре. Ги повикувам советниците да гласаат за усвојување на оваа точка. Познатиот професор по виолина Методија Бараковски – Менде и долгогодишен раководител на КУД „Ѓердан“ и хорот „Распеано ѓерданче“, почина минатата седмица во 82-та година од животот. Бараковски беше еден од најистакнатите дејци од културниот и музичкиот живот во Охрид. Целиот свој работен век тој го посвети на најмладите таленти во нашиот град. Охриѓани секогаш ќе се сеќаваат и ќе го почитуваат неговиот придонес во зачувување на македонската традиција и културните вредности.- стои во објавата на градоначалникот Кирил Пецаков.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.