HomeАктуелноСостојба на патиштата

Состојба на патиштата

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интензитет во раните утрински часови се бележат во Страцин, Кочани и Демир Капија, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. Намалена видливост поради појава на магла до 100м. има на планинскиот превој Буково, информираат од АМСМ.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

До 15.03.2025 трае законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.