HomeАктуелноСо ѕвезди во рацете и песна во срцата – Бадникова поворка 2026 во Охрид

Со ѕвезди во рацете и песна во срцата – Бадникова поворка 2026 во Охрид

Започнуваат подготовките за Бадниковите поворки 2026. Оваа година, обединети под мотото „Пренеси ја Божикната радост до секое срце“ организаторите го најавуваат најсветлото празнично доживување, кое преку ангелското пеење на децата, ќе ги стоплат срцата на сите.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На бадниковата поворка што по традиција ќе се одржи на Бадник,  6 јануари, ден пред големиот христијански празник Божиќ, оваа година во Охрид ќе учествуваат голем број на деца од Охрид. Со ѕвезди во рацете тие ќе ја пеат возобновената христијанска песна ,,Вечниот Бог”.

Поворката тргнува утрото во 10:30 ч. од црквата ,,Св. великомаченик Георгиј” – Горна Влашка Мала и ќе се движи по ул. „Јане Сандански“, булевар „Туристичка“ и охридската чаршија.

Во 12.00 ч. на градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ кај бадниковата пештера коледарчињата ќе ги пречека градоначалникот Кирил Пецаков, заедно со советниците од Советот на Општина Охрид и директорите на охридските јавни претпријатија кои ќе ги даруваат со пригодни подароци.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.