HomeАктуелноСтигнува нова механизација за Охрид и уште 8 општини – 49 возила и опрема за почисти улици

Стигнува нова механизација за Охрид и уште 8 општини – 49 возила и опрема за почисти улици

Нова механизација за почисти улици и подобра комунална хигиена во Скопје и повеќе општини во земјава.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Вкупно 49 нови возила и специјализирана опрема за комунална хигиена добиваат Градот Скопје и повеќе општини во Македонија, како дел од проект реализиран со поддршка на Светската банка.

Новата механизација денеска беше промовирана од премиерот Христијан Мицкоски, заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски.

Набавката поевтина за 1,3 милиони евра

Николоски истакна дека набавката била спроведена преку транспарентен процес. Од проценетата вредност од 5,5 милиони евра, опремата е набавена за 4,2 милиони евра, со што, според него, е остварена заштеда од околу 1,3 милиони евра.

Набавени се:

  • 19 мултифункционални камиони од различен тип;
  • 9 специјализирани камиони цистерни;
  • 21 мултифункционално возило за чистење на улиците.

„Во овој проект ќе има возила за градот Скопје, Куманово, Прилеп, Охрид, Тетово, Неготино, Кичево, Дебар, Велес, а се надевам дека со останатите проекти ќе има и за останатите општини“, истакна Николоски.

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, порача дека новата механизација е конкретен чекор кон подобрување на комуналната хигиена во главниот град.

Тој потсети дека сметот, преполните контејнери и нечистите улици со години биле еден од најголемите проблеми во Скопје.

„Зборот станува дело“, порача Ѓорѓиевски, посочувајќи дека со новите возила ќе се овозможи побрзо, поефикасно и поредовно собирање на отпадот.

Од Град Скопје дополнително најавуваат набавка на специјализирани возила со сопствени средства, како и повеќе од 3.300 нови контејнери, за кои постапката е во завршна фаза.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.