На 10.11.2023 година околу 11 часот, на улицата „Илинденска” во охридското село Лескоец, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од С.К. врз С.С.(47), двајцата од истото село.
По целосно расветлување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.
