HomeАктуелноТепачка на пионерски натпревар во Штип – нападнати деца фудбалери, приведен еден од напаѓачите

Тепачка на пионерски натпревар во Штип – нападнати деца фудбалери, приведен еден од напаѓачите

Инциент го прекина првенствениот фудбалски натпревар на првото коло од Републичката пионерска лига меѓу штипска Брегалница и скопско Шкупи, кога на фудбалското игралиште „Бело Брдо“ во Штип возрасна публика од Скопје влезе на теренот, а еден од напаѓачите со клоци удирал по двајца млади фудбалери од домашната екипа. Инцидентот се случи во последната минута од напреварот за деца родени 2010 година, по еден прекршок меѓу младите фудбалери.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Кога децата бea физички нападнати, на теренот влета и домашната публика и настана општа тепачка. Двајцата домашни фудбалери со тешки повреди се однесени во Клиничката болница во Штип, а полицијата по интервенцијата го приведе главниот напаѓач и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Инцидентот се случи при водство на Брегалница со 2:1.

Домашната управа бара од Фудбалската федерација казни за ваквите влетувања на луѓето на теренот, а од гостинската публика и да преземе мерки во иднина да не се даваат вакви лоши примери на младите фудбалери.

Линк

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.