HomeАктуелноТешка несреќа во Радовиш: Едно лице загина, друго со тешки проведи пренесено воскопските клиники

Тешка несреќа во Радовиш: Едно лице загина, друго со тешки проведи пренесено воскопските клиники

На 03.04.2023 во 11.00 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на земјен шумски пат во атар на село Козбунар, радовишко, Л.К.(73) од село Штурово, радовишко, управувајќи трактор „имт“ со приколка, со радовишки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Од здобиените повреди, сопатникот Ј.А.(73) од Радовиш починал на местото, а смрт констатирал лекар од Здравствен дом Радовиш, додека возачот Л.К., поради здобиените повреди бил пренесен на лекување во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и екипа на Одделението за внатрешни работи Радовиш.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.