HomeАктуелноТрагедија во Богданци: Втората жртва најверојатно е 17-годишната девојка која претходно пријавувала насилство

Трагедија во Богданци: Втората жртва најверојатно е 17-годишната девојка која претходно пријавувала насилство

Втората жртва чие тело беше пронајдено во опожарен автомобил во Богданци најверојатно е 17-годишна девојка. Според првичните информации на кои се повикуваат дел од медиумите, девојката била во врска со 21-годишникот чие тело беше најдено покрај автомобилот.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Девојката била жртва на насилство подолг период, а минатиот месец го пријавала во полиција за што тогаш МВР извести во полицискиот билтен.

На 01.10.2026 во 01:10 часот во Богданци, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија лишија од слобода 21-годишен жител на Богданци. Според пријавеното, тој на 30.09.2026 околу 21:00 часот во неговиот дом физички ја нападнал неговата 17-годишна девојка. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, стоеше во информацијата на МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.