HomeАктуелноТри возила што вршат јавен превоз имале неисправни сопирачки, известува МВР

Три возила што вршат јавен превоз имале неисправни сопирачки, известува МВР

Полициски службеници од СВР Битола денеска (16.02.2022) од 13.00 до 17часот, спровеле акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници. При контролата, биле откриени и санкционирани три возила со неисправни сопирачки, кои веднаш се исклучени од сообраќајот, а изготвени се и соодветни поднесоци. Од нив две возила на територија на Битола и едно возило на територија на Прилеп.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.