Во рамки на работната посета на Република Турција, градоначалникот Кирил Пецаков заедно со претседателот на Советот на Општина Охрид Сашо Донев, денес, остварија средба со градоначалникот на збратимениот град Јалова, Мустафа Тутук.
На средбата беше разговарано за актуелни теми, како и за продлабочување на соработката помеѓу збратимените општини. Беа разменети мислења за туризмот и предизвиците со кои се соочува настанати како последица на кризните временски неприлики, а беа разменети и идеи за нивно надминување и привлекување на туристи за претстојната туристичка сезона, информира Градоначалникот.
Додава дека на средбата било разговарано и за размена на искуства во областа на образованието.
Во рамките на посетата претходните денови градоначалникот оствари средба и со генералниот секретар на Унијата на општини, Фахри Солак. На средбата станало збор за продолжување на добрата соработка со Општина Охрид и продлабочување на соработката во туризмот.
Биле разменети мислења за организирање на промоција на Охрид во Република Турција, а разговарано било и за размена на вработените од општинската администрација во делот на туризам со други туристички развиени општини од Република Турција, како и за реализација на заеднички проекти.