На 05.06.2024 во 21.45 часот во охридското село Пештани, полициски службеници од СВР Охрид – полициска канцеларија Пештани, од слобода го лишија В.Р.Ј.(31) од Холандија.
Тој, агресивно се однесувал кон медицински лица од Итната медицинска помош од Охрид и оштетил дел од опремата на амбулантното возило, по што се обидел физички да нападне полициски службеник кој преземал службени дејствија, додаваат од СВР Охрид.
