Украинското Министерство за одбрана преку социјалните мрежи информира дека украинска делегација пристигнала на границата меѓу Украина и Белорусија за да учествува во преговорите со Русија.
Како член од украинската делегација е лично министерот за одбрана Олексеј Резников.
Клучните прашања, како што објавуваат, за кои ќе се водат преговорите се запирање на огнот и напуштање на територијата на Украина од страна на руските воени сили.
Белоруското Министерство за надворешни работи претходно соопшти дека сè е подготвено за земјата да биде домаќин на мировните преговори меѓу Русија и Украина.
-Преговорите ќе започнат штом делегациите ќе пристигнат на местото на средбата, рече Глаз, пренесува РИА Новости.
❗️The #Ukrainian delegation arrived at the border to participate in the peace talks. Among the delegates is Defense Minister #Reznikov.
— NEXTA (@nexta_tv) February 28, 2022
The delegates arrived at the negotiating venue by helicopter. pic.twitter.com/jumBclmFwf
— NEXTA (@nexta_tv) February 28, 2022