HomeАктуелноУсогласување на минималната плата и покачување во септември за 5%

Усогласување на минималната плата и покачување во септември за 5%

Министерството за внатрешни работи информира дека платата на вработените ја исплатува врз основа на Закон за внатрешни работи и Колективен договор. Согласно новиот Закон за минимална плата, минималната бруто плата изнесува 26.422,00 денари.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Платата за вработените во МВР , за најниското работно место, согласно систематизацијата на МВР, со статус на овластени лица и полициски службеници е над предвидената минимална плата, што дополнително би се зголемила со покачувањето од 5%, што ќе отпочне да се исплатува од Септември 2022г.

За вработените во МВР, на кои им се исплатува плата по Закон за работни односи е извршено усогласување со минималната плата и почнувајќи од месец март, сите вработени по овој Закон ќе имаат усогласени плати односно зголемени плати.

Процесот на исплата на плата, како и сите активности кои што се спроведуваат во МВР, подлежат на проверки и од тие причини МВР и МПС побараа и добија мислење од Министерство за труд и социјална политика со кое мислење е потврдена законската поставеност на процес на исплата на плати за вработените во МВР.Овој начин на исплата, е во интерес на вработените и со основна компонента на плата, вредноста на часови прекувремена, ноќна, викенд, празник е поголемa во однос на основна плата.

МВР и МПС во наредниот период ќе се залагаат, за доследно почитување на претходно договорениот процес на усогласување на плати во соработка со Влада на Република Северна Македонија и Министерство за финансии ќе обезбеди средства за натамошно покачување на плати за вработени во МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.