HomeАктуелноУтре од 15:00 до 16:30 минирање на автопатот Кичево – Охрид.

Утре од 15:00 до 16:30 минирање на автопатот Кичево – Охрид.

На автопатот Кичево – Охрид утре ќе се изврши минирање во периодот од 15 до 16:30 часот, соопшти АМСМ.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Инаку Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на екипите на ЈП Македонија пат.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Извор:АМСМ

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.