HomeАктуелноУтре се одбележува големиот христијански празник Свети Еразмо Охридски

Утре се одбележува големиот христијански празник Свети Еразмо Охридски

Православните верници од Охрид и пошироката околина, денеска и утре, 14-ти и 15-ти јуни 2025 година ќе го одбележат празникот Свети Еразмо Охридски.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
Со голема радост ве известуваме дека и оваа година, традиционално на 14 и 15 јуни 2025, ќе го прославиме големиот христијански празник посветен на светиот заштитник и Охридски чудотворец – Свети Еразмо.
Ве покануваме со срце и душа да се собереме во манастирот и заеднички да ги доживееме духовните радости на овој светол празник.
Исто така ве информираме дека поради тековните градежни зафати, патот до манастирот треба да биде пуштен во една лента, од страната на манастирот, порачуваат организаторите.
Богослужбите во манастирот како и секоја година ќе бидат одржани според следната програма:
14 јуни 2025 (сабота) –
19:00 часот: Празнична вечерна богослужба, на која ќе чиноначалствува
Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Европски г. Пимен.
15 јуни 2025 (недела) –
07:45 часот: Утрената богослужба.
09:00 часот: Пречек на Митрополитот Европски г. Пимен.
09:15 часот: Почеток на Светата Архиерејска Литургија.

Овој светител, од Бога даруван со чудотворна моќ, е роден во Антиохија и живеел за време на царевите Диоклецијан и Максимилијан. Како архиереј патувал и го проповедал Евангелисто па така стигнал и во Охрид. Откако го воскреснал синот на некој човек по име Атанас, крстил многу луѓе, а идолските жртвеници ги разурнал. Поради тоа бил обвинет кај царот Максимилијан, кој му наредил да му се поклони на бакарниот кип на Зевс и да му принесе жртва. Но, Еразмо направил од статуата да излезе ламја и да го исплаши народот. По овој настан св. Еразмо крстил 20 000 луѓе, но по наредба на царот сите биле исечени, а Еразмо бил затворен. Но тогаш се јавил ангелот и го ослободил од затворот, како што многу порано го ослободил св. Петар. Св. Еразмо пред смртта се повлекол во една пештера и во молитви го минал животот. Починал во почетокот на IV век.

Во близината на Охрид има пештерска црква посветана на Св. Еразмо Охридски, а во близина на црквата има вода за која се верува дека е лековита, особено на денот на светителот.

Споменот на Св. Еразмо во Македонија се празнувал уште во времето на свети Климент, прифаќајќи го неговиот култ втемелен многу порано. Во текот на 19 век, за време на македонската преродба зографите мошне често кај композицијата на Седмочислениците ја сликаат и фигурата на св. Еразмо заради неговата мисионерска дејност и заслуги во ширењето на христијанството.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.