HomeАктуелноУтре ќе си поднесат оставки Ковачевски и Џафери, техничка влада до недела на полноќ

Утре ќе си поднесат оставки Ковачевски и Џафери, техничка влада до недела на полноќ

Џафери, Ковачевски  и владата од утре ќе си поднесат оставка.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Собранискиот спикер во заминување и иден технички премиер во изјава за медиумите и денеска ги прецизираше роковите посочувајќи дека по оставките кои ќе ги депонираат утре веќе на 26 ти в петок ќе бидат констатирани и ќе биде известен шефот на државата за истите, а седницата ќе ја води заменик претседателот Мисовски  а на истата ќе треба да се избере и новиот претседател на законодавниот дом, Јован Митрески.

Веќе на 27 во сабота мандатарот ќе ја достави предлог програмата и новиот технички владин состав а на 28 е седницата за избор на техничка влада кој треба да заврши најдоцна до полноќ. Џафери и денеска посочи дека целиот процес ќе биде согласно уставот и законите но како што рече очекува ВМРО ДПМНЕ да ги соопштат и достават своите предлози  за владиниот составот да биде комплетен.

Сепак Џафери на прашање дали ако ВМРО ДПМНЕ не гласаат за него како мандатар  ќе ги поддржи нивните министри само кратко посочи дека тој не се оптоварува со тоа бидејќи техничката влада е партиски и политички договор кој мора да се испочитува и е воспоставена пракса . Ковачевски пак денеска не одговори дали во техничката влада

Сепак од ВМРО ДПМНЕ и денеска потсетија дека ова нема да биде прв случај каде партијата во опозиција не гласала за техничка влада потсетувајќи на случајот во 2016-тата кога СДСМ како тогашна опозициска партија не гласаше за техничката влада која ја предводеше Емил Димитриев.

Министерот Оливер Спасовски пак денеска во изјава за медиумите иако конкретно не откри сепак посочи дека знае кој ќе биде негов заменик во техничката влада.

СДСМ пак веќе пред еден месец ги објави имињата кои ќе бидат дел од техничката влада а премиерот Ковачевски денеска не одговори дали ќе има промени кај албанскиот коалициски партнер.

Сепак неофицијалните информации се дека  најверојатно ќе нема промена на имињата на министрите од ДУИ и Алијанса за Албанците.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.