Македонскиот меѓурелигиски живот има длабоки корени во земјава, но токму за време на празниците тој е најмногу видлив. Традицијата на почит едни кон други без разлика на која религија се припаѓа и понатаму продолжува.
Еден таков пример на меѓусебно поврзување и почит на граѓаните преку нивната различна верска определба ни покажа денес, нашиот соработник и пријател Мети Жаку, кој подели пакети со овошје и зеленчук на граѓаните од православна вероисповед, стои во објавата на ЈП „Градски Пазар“-Охрид.
Хуманизмот, хармоничните односи меѓу луѓето и стремежот кон мир и благосостојба се основните принципи на Исламот.
Четитки и најдобри желби за овој добронамерник! – се додава во објавата на ЈП „Градски Пазар“-Охрид.
