HomeАктуелноФетаи за Фокус: Како и секогаш, и сега сама си ги плаќам трошоците за натпреварите!

Фетаи за Фокус: Како и секогаш, и сега сама си ги плаќам трошоците за натпреварите!

Да се радуваме заеднички на овој заслужен успех, ни изјави обвинителката штом пристигна во Скопје од Палермо, каде го следеше фудбалскиот натпревар меѓу Македонија и Италија.

Вишата обвинителка Фатиме Фетаи за Фокус изјави дека трошоците за да го проследи фудбалскиот натпревар во Палермо сама ги покрила.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Пред се сакам да им честитам на нашите фудбалери и на сите граѓани кои се радуваат на победата на нашата држава за многу значајната победа над Италија и да посакам иста таква да оствариме и во Португалија.

Секако дека трошоците поврзани со следењето на натпреварот (овој и на другите) сама ги покривам. Да се радуваме заеднички на овој и тоа како заслужен успех, ни изјави обвинителката Фетаи, штом пристигна во Скопје.

Претходно и министерот за правда, Никола Тупанчевски, изјави дека и тој на свој трошок бил во Палермо.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.