Бадник, предвесник на Божиќ. Детски глас, среќа, радост, песна, верба, надеж и љубов е денешната слика за големиот христијански празник Бадник во главниот туристички центар Охрид.
Нешто пред пладне илјадници дечиња од бадниковата поворка пристигнаа на Градскиот плоштад во Охрид, кој претходно со песна прошетаа низ охридските улици.
Оваа година, познатите македонски артисти Ѓоко Танески и Пајак беа на чело на поворката. Градскиот плоштад беше преплавен од деца, кои со своите родители шетаа низ градот пеејќи ја возобновената христијанска песна Вечниот Бог.
Бадниковата поворка во Охрид која се одржува 11 година по ред е во организација на Здружението за грижа и воспитување деца од Охрид и е поддржана од локалната самоуправа.

Подготви: Елена Ристеска
