HomeАктуелно(Фото) Еве со кој познат глумец е Анџелина Џоли: 21 години помлад од неа

(Фото) Еве со кој познат глумец е Анџелина Џоли: 21 години помлад од неа

Популарната актерка Анџелина Џоли, позната по бројните филмски успеси и хуманитарна работа, долго време беше во брак со актерот Бред Пит.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Тие се запознале на снимањето на филмот „Господин и г-ѓа Смит“, а нивната љубов не можеше да ја спречи дури ни фактот дека американскиот актер тогаш беше во брак со актерката Џенифер Анистон. Сепак, љубовта им заврши во 2019 година.

Во странските медиуми се појавија шпекулации дека и Анџелина решила да ѝ даде нова шанса на љубовта, а фотографијата која беше причина за сите шпекулации стана вирална.

Анџелина беше фотографирана со актерот Пол Мескал во ресторан како пие кафе откако ја гледала неговата претстава „Трамвај по име желба“ во театарот Алмеида во Лондон.

Ирскиот актер Пол Мескал (26) е 21 години помлад од Анџелина, а најпознат е по своите театарски улоги.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.