HomeАктуелно[фото] Сообраќаен и железнички хаос предизвикаа обилните врнежи на снег и замрзнат дожд во Германија

[фото] Сообраќаен и железнички хаос предизвикаа обилните врнежи на снег и замрзнат дожд во Германија

Обилните снежни врнежи и замрзнат дожд низ Германија доведоа до откажување на стотици летови и возови, несреќи на замрзнатите патишта и затворање на училиштата.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Над 500 пристигнувања и полетувања се откажани на аеродромот во Франкфурт, еден од најпрометните во Европа, каде што беа откажани половина од планираните летови, a повеќе од 250 во Минхен. Доцнење и откажување летови имаше и на аеродромите во Дизелдорф, Келн и Бон. На запад од земјата, аеродромот во Сарбрикен е целосно затворен.

Националниот железнички оператор откажа неколку меѓуградски врски и најави дека максималната брзина на брзиот воз ќе биде ограничена на 200 километри на час поради екстремните временски услови. Утринава имаше многу сообраќајни несреќи на западот и југот од земјава поради голомразица на коловозот.

Како мерка на претпазливост, многу училишта и градинки се затворени, а некои компании им понудија на своите вработени можност да работат од дома. Германската метеоролошка служба денеска издаде предупредување за тешко време, поради снежното невреме и замрзнатиот дожд што зафати повеќе региони во земјата.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.