HomeАктуелно(ФОТО) ЦУK со НАЈНОВА ИНФОРМАЦИЈА за потрагата кај езеро Глажња

(ФОТО) ЦУK со НАЈНОВА ИНФОРМАЦИЈА за потрагата кај езеро Глажња

Трет ден се трага по исчезнатото 29 годишно момче, во истрагата моментално вклучени се 10 припадници на „Тигрите“ и 8 нуркачи од „Волците, но истрагата се уште е во тек.

Како што информираат од ЦУК мештаните и роднините на настраданиот се на лице место и понудија помош со цел истрагата да биде завршена што поскоро.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Потрагата по 29 годишниот маж кој исчезна во водите на вештачкото езеро Глажња се одвива трет ден. Поради тешкиот терен за пребарување, многу косиот брег и голема длабочина која започнува веднаш по влегувањето во водата а на петнаесетина метри оддалеченост од брегот достигнува 40 метри, трет ден се ангажирани 10 нуркачи од САЕ Тигар кои се обучени да нуркаат до 40 метри длабочина, информираат од ЦУК.

Тим за спасување на ДЗС од Велес врши површинска потрага по брегот на езерото а екипи на СВР Куманово го обезбедуваат местото на несреќата. Во текот на денешната потрага повторно е употребен подводен дрон на здружението Еко Турист Охрид, со кој се пребарува езерското дно, а неколку можни места се бележени и потоа се пребаруваат од нуркачите на Тигрите.

 

Е.Р

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.