HomeАктуелноХрватска ќе игра за светско златo

Хрватска ќе игра за светско златo

Ракометната селекција на Хрватска приреди големо изненадување на Светското првенство и е првиот патник во големото финале на планетарниот собир. Во првото полуфинале, одиграно во Загреб,  падна моќната Франција (28-31) и така Хрватска од селекција која што трпеше многу критики во групните фази, стигна до натпревар за титулата. Противник ќе ѝ биде подобриот од утрешното соочување меѓу Португалија и Данска.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Франција како никогаш досега не била толку инфериорна во едно мундијалско финале. Жил со неколку промени во нападот проба да ја врати својата селекција во игра, но домашните ракометари заиграа уште помоќно и на полувреме се изборија за огромна предност од седум гола (11-18).

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.