Според најновите податоци на Eurostat, цените на електричната енергија за домаќинствата во Западен Балкан во првата половина од 2026 година останале речиси непроменети.
Најскапа е струјата во Србија и Албанија, со 11,9 евроценти за 100 kWh, а веднаш зад нив е Македонија со 11,6 евроценти.
Во Црна Гора цената изнесува 10,3, а во Босна и Херцеговина 9,9 евроценти.
Eurostat ги споредува цените за домаќинствата со годишна потрошувачка од 2.500 до 4.999 kWh, при што ги зема предвид и номиналните цени и куповната моќ на граѓаните.
