HomeАктуелноЈавен повик за избор на организација која ќе раководи со Младинскиот центар

Јавен повик за избор на организација која ќе раководи со Младинскиот центар

Општина Охрид објави јавен повик за избор на младинска организација или организација на млади која ќе раководи со Младинскиот центар Охрид.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Младинскиот центар е место каде ќе се подготвуваат и спроведуваат програми кои ќе ја подобруваат благосостојбата на младите, развојот на личниот, социјален и професионален живот на младите, информации од важен интерес за младите и други апекти од животот на младите, согласно член 22 од Законот за младинско учество и младински политики.

За таа цел општина Охрид отстапува на времено користење дел од простор на кој има право на трајно користење, лоциран во поранешната „Стара касарна“ во Охрид. Периодот на користење на просторот ќе биде 3 (три) години,сметано од 1-ви април 2025 година и во тој период младинската организација ќе управува со младинскиот центар Охрид. Надоместокот за режиски трошоци (струја, вода, греење) како и телефон и интернет за функционирање на Младинскиот центар се на товар на општина Охрид. Општина Охрид е задолжена за работата на Младинскиот центар да обезбеди средства од Буџетот на општината.

Исплатата на финансиските средства, се посочува во повикот, ќе се врши врз основа на доставена годишна
програма за работа на Младинскиот центар.

Младинскиот центар Охрид, треба да биде од отворен тип и да им биде достапен на младите најмалку 40 часа неделно, распоредени во најмалку 5 дена.

Јавниот повик трае 15 дена од денот на објавувањето. Повеќе информации на ЛИНКОТ.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.