HomeАктуелноЈавна презентација и јавна расправа по Нацрт извештаите за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за рурален развој и за развој на туризмот

Јавна презентација и јавна расправа по Нацрт извештаите за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за рурален развој и за развој на туризмот

Општина Охрид организира Јавна презентација и јавна расправа по Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за Стратегија за рурален развој на Општина Охрид 2022-2027год, како и Јавна презентација и јавна расправа по Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за Стратегија за развој на туризмот во Општина Охрид 2020-2025год.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Од Локалната информираат дека е ставен на Јавен увид извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за Стратегија за рурален развој на Општина Охрид во Одделението за заштита и влијание врз животната средина во Општина Охрид секој работен ден од 7:30 – 15:30 часот почнувајќи  од 15.02.2022 год. до 16.03.2022 год.

Правните и физичките лица и јавноста можат да го достават своето мислење во врска со Извештајот до Општина Охрид во рок од 30 дена од денот на објавување на оваа информација. Сите заинтересирани страни се поканети да учествуваат на јавната расправа која ќе се одржи на 09.03.2022г.во големата сала на Општина Охрид,со почеток во 11:30 часот и да го дадат своето мислење. Забелешки и предлози  по Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина и истите може да бидат испратени на zivotnasredina@ohrid.gov.mk , или по пошта на следната адреса: Општина Охрид, ул. Димитар Влахов бр.57 Охрид, информираат од Општина Охрид. 

Што се однесува до Јавната презентација и расправа по Нацрт извештајот за стратегиска оцена за Стратегијата за развој на туризмот во Општина Охрид 2020-2025, Извештајот е ставен на увид на јавноста  во Одделението за заштита и влијание врз животната средина во Општина Охрид секој работен ден од 7:30–15:30 часот, почнувајќи  од 15.02.2022 год. до 16.03.2022 год, а Jавната расправа ќе се одржи истиот ден на 9.03.2022 во големата сала на Општина Охрид. Предлозите и забелешките и по овој Нацрт Извештај можат да се испратат во рок од 30 дена од објавувањето на информацијата на е_маил : zivotnasredina@ohrid.gov.mk , или по пошта на следната адреса: Општина Охрид , ул. Димитар Влахов бр.57 Охрид.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.