Со исклучителен концерт на уметниците од Словенија, Томи Пуриќ & Balkan Jazz Group, вчеравечер во предворјето на црквата „Света Софија“, заврши третото издание на „Охрид Џез Фестивал“.Многубројната публика уживаше во уникaтни џез изведби на класични и комерцијални музички композиции.Посебен белег на финалниот концерт оставија гостите, Ѓоко Алоски на труба и Наум Џуклески на хармоника.
Фестивалот „Охрид Џез Фестивал“ се одржува во организација на Општина Охрид, стои во објавата на Градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков.
