HomeАктуелноВо Собранието ќе заседава Комисијата за надзор над работата на АНБ и на АР

Во Собранието ќе заседава Комисијата за надзор над работата на АНБ и на АР

Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На дневен ред на Комисијата е Предлог на заклучокот за вршење на надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност во просториите на Агенцијата и Предлог на заклучокот за вршење на надзор над работата на Агенцијата за разузнавање во просториите на Агенцијата.

Во Собранието денеска ќе се одржи и презентацијата „Фискално управување во Европската Унија и улогата на Фискалниот совет“, на барање на Светска банка и на Фискалниот совет.

Како што најавуваат од собраниската прес-служба, на презентацијата ќе учествуваат членовите на собраниските Комисијата за финансирање и буџет и на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.