HomeАктуелноГОЛОМРАЗИЦА ГО ЗАТВОРИ ПАТОТ КОН ХЕЦ КОЗЈАК – АМСМ со итно предупредување

ГОЛОМРАЗИЦА ГО ЗАТВОРИ ПАТОТ КОН ХЕЦ КОЗЈАК – АМСМ со итно предупредување

ЗАТВОРЕН ПАТ: Патот кон ХЕЦ Козјак е непрооден од голомразица.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

НОРМАЛИЗИРАН СООБРАЌАЈ: Сообраќајот на регионалниот пат Дебар – Маврово е нормализиран.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.