На 22.11.2024 во 16.40 часот, во СВР Охрид пријавено е дека поради силен ветер, бил откачен кровот од зграда на улицата „Карпош Војвода” во Охрид. Истиот ден во 17.50 часот, силниот ветар предизвикал пад на дрво на улицата „Питу Гули” во Охрид, при што, биле оштетени телефонски кабли и кабли од еден кабелски оператор. Притоа, нема повредени лица, информираат од СВР Охрид.
