HomeАктуелноДенеска се одбележува празникот Младенци – ден на љубовта и новите брачни почетоци

Денеска се одбележува празникот Младенци – ден на љубовта и новите брачни почетоци

Православните верници денес (22.03) го одбележуваат празникот Светите четириесет севастиски маченици, во народот познат како Младенци.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според обичајот, Младенци го слават брачните парови кои се венчале во изминатата година, односно оние што стапиле во брак по 22 март минатата година.

На овој ден, традиционално, младите брачни парови ги отвораат вратите од својот дом за гости – роднини, пријатели и блиски, кои доаѓаат со подароци и добри желби за среќен и долг брачен живот.

Православните верници го одбележуваат празникот Младенци, кој традиционално е посветен на младите брачни парови што стапиле во брак во текот на изминатата година.

Празникот се слави на 22 март, во чест на Светите 40 маченици од Севастија, а во народната традиција има посебно значење како симбол на љубовта, заедништвото и новиот почеток. На овој ден, младенците ги отвораат своите домови за гости, кои им посакуваат среќен и долг заеднички живот исполнет со разбирање и почит.

Според обичаите, домаќинките подготвуваат посебни колачи – „младенчиња“, премачкани со мед, кои го симболизираат слаткиот брачен живот. Гостите, пак, носат подароци и благослови, а веселбата често е проследена со дружење и традиционална атмосфера.

Младенци е празник што ја негува семејната топлина и потсетува на мааната на љубовта, верноста и заедничкото градење на иднината.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.