HomeАктуелноДенеска честитајте им именден на жените со ова преубаво име – ја славиме чудотворката која исцелува болести и носи добро здравје

Денеска честитајте им именден на жените со ова преубаво име – ја славиме чудотворката која исцелува болести и носи добро здравје

Светителката се смета за заштитничка на болните и оние кои страдаат од телесни болести, односно сѐ што е поврзано со здравјето. Верниците ѝ се молат за исцеление и за сила во тешки животни периоди.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
На 3 јануари, православните верници го празнуваат денот на света маченичка Јулијана и 630 маченици кои пострадаа со неа, еден од највпечатливите примери на непоколеблива вера и посветеност кон Христос.
Овој ден е идеална прилика за духовно обнова, размислување за вредноста на животот и искрена молитва за здравје и мир.

Житието на светителката

Света Јулијана била родена во Никомидија, во богато, но незнабожно семејство. Кога ја слушнала евангелската проповед, целосно се посветила на Христос и започнала да живее според Божјите заповеди. Нејзиниот свршеник, сенаторот Елевсиј, не ја прифатил нејзината вера и поради тоа ја измачувал и фрлил во затвор. Но чудата не изостаналe, Јулијана била исцелена во затворот, огнот не ја изгoрел, а многумина кои ја виделе нејзината храброст поверувале во Бога. На крајот, таа радосна и со духот мирна, го предала својот живот на Господ во 304 година.

Што да направите утре за благодат

Православните верници на овој ден се охрабруваат на молитва – утринска и вечерна, односно искрено да се помолат за здравје, мир и сила во животот.

Се препорачува да се помолите и за блиските и за сите оние што страдаат, зашто таквите молитви утре најбрзо стигнуваат до Света Јулијана и брзо се услишуваат.

Искористете го денот за размислување за личната вера, вредностите и семејните односи, како што Јулијана тоа го покажала преку својот пример.

Според преданијата, сите што го почитуваат овој ден со искрена молитва, добротворство и внимание кон блиските, ќе бидат наградени со внатрешен мир и охрабрување, а постои и верување дека молитвите за здравје и успех се особено услишани токму на денот на св. Јулијана.

Не заборавајте, името Јулијана се слави на овој ден, па честитајте им на сите кои го носат ова прекрасно име.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.