
Владимир Блажев – Панчо од дуото ДНК почина скоро седум месеци по трагедијата во Кочани, каде што се здоби со сериозни изгореници и повреди.
Панчо, утрото по несреќата на 16 март, беше пренесен во Клиничкиот центар во Скопје, а неговата сестра за медиумите тогаш потврди дека има повреди по лицето и рацете, но дека е вон животна опасност.
Тој потоа беше пренесен во приватна клиника во Скопје, каде што го продолжи лекувањето и каде што во изминатите месеци му беа направени неколку операции.
Но, за жал, тој им подлегна на повредите.
Од Панчо се прости Сузана Спасовска преку статус на Фејсбук.
Панчо е роден на 29.07.1979 во Скопје. Зад себе остави два сина, Андреја и Марјан.
Тој беше познат и како голем хуманитарец, кој заедно со Андреј низ годините им помогнаа на голем број семејства и лица кои имаа потреба од секаква помош.