HomeАктуелноКОЛУМНА: Водење сметка за ефикасноста на социјалните расходи и политики

КОЛУМНА: Водење сметка за ефикасноста на социјалните расходи и политики

Водење сметка за ефикасноста на социјалните расходи и политики

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

 

Социјалните политики

Во социјалдемократските концепции, клучно место има водењето на социјалната политика која се води со помош на социјалните расходи. Социјалната политика е од исклучителна важност за стабилно општество и благосостојба за сите. Во доменот на социјалната политика важен е самиот дизајн на истата. Клучен момент во спроведувањето е нејзината ефикасност. Во овој сегмент ќе биде даден краток преглед на литература за ефикасноста на социјалните расходи  како и податоци и осврт за социјалните расходи во Македонија.

Група автори, во еден извештај, истражувајќи за Јордан, наведуваат дека најпрво за поголема ефикасност во социјалните трошења важен е и самиот процес на буџетирање. Имено, претпоставките од кои се поаѓа при планирањето и самиот процес на планирање е клучен за оптимално поставување на планираните расходи. Воедно во истражувањето се наведува дека важен е и капацитетот на самите бузетски институции за ефикасноста на социјалните расходи. ( Извор https://www.imfmetac.org/content/dam/METAC/RegionalNotes/RN8.2022-Budgeting%20for%20Efficient%20Social%20Expenditures%20%20Jordan%20Country%20Case.pdf )

На следниот графикон се дадени податоци за социјалните расходи во Република Северна Македонија.

Извор: ДЗС

 

Од дадениот графикон може да се забележи дека ефектот на намалување на стапката на сиромаштија по давањето на социјалните трансфери постои, но е во мали проценти што индицира на потреба од поголема ефикасност на водење на самата социјална политика и социјалните трансфери воопшто.

Овие податоци укажуваат на одредено реконфигурирање во системот на социјална заштита мерките и политиките за намалување на сиромаштијата. Имено, потребно е најпрво подобро таргетирање на самите мерки и политики. Исто така, важно е да има проширување на опсегот на самите мерки.

Уште една димензија на социјалните трансфери е редистрибутивната. Имено, социјалните трансфери треба да помогнат со цел да се намали нееднаквоста која се мери преку Џини Коефициентот.

Извор: ДЗС

 

Од графиконот може да се забележи дека во анализираниот период од 2013 година до 2021 година има намалување на коефициентот, но нивото е сеуште високо.

За подобра благосостојба на сите потребно е да се преземат мерки со кои ќе се зголемат редистрибутивните ефекти на социјалните трансфери и на фискалната политика воопшто за намалување на истиот. Социјалдемократски е да имаме општество со понизок степен на нееднаквост што во следна инстанца треба да генерира поголема доверба во институциите и благосостојба за сите.

Пишува за powerinfo.mk Ристе Костовски, магистер по економски науки 

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.