
Согласно одлуката за дополнување и изменување на одлуката за утврдување на цени за користење на паркинг простори на Општина Охрид, ЈП „Билјанини Извори” ги известува сите граѓани дека од утре, 1 октомври, ќе има измена на цените на паркинг услугите со кои стопанисува претпријатието.
Од 1 октомври цените на зона А, зона Б, вклучувајќи ја и Премиум зона, ќе изнесуваат 30 денари за секој еден час паркирање на јавно паркиралиште со кое ние стопанисуваме. Измената важи за период од 01.10.2025 до 31.03.2026 година, посочуваат од претпријатието.