HomeАктуелноОд затвор успеал да измами лице, во негово име аплицирал за кредити во финансиски друштва

Од затвор успеал да измами лице, во негово име аплицирал за кредити во финансиски друштва

СВР Штип поднесе кривична пријава против 30-годишниот П.С. од Струга, кој е на издржување казна затвор во Казнено-поправната установа Затвор Идризово во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „злоупотреба на лични податоци“.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во периодот од јануари до април 2021 година, пријавениот довел во заблуда лице од Штип и ги прибавил неговите лични податоци со кои електронски креирал кориснички профил на негово име на веб страни на повеќе финансиски друштва и аплицирал за кредити. Парите од финансиските друштва биле уплатени на трансакциската сметка на оштетениот, кој повторно бил доведен во заблуда и парите ги подигнувал и по такси возач ги предавал на лице од Крива Паланка. На тој начин пријавениот причинил материјална штета од 97.500 денари, информираат од МВР. 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.