Соопштение на градоначалникот на Град Скопје:
✌️Официјално – од денес Скопје испишува нова страница во својата историја.
✔️ Денешното уверение е симбол на довербата што ми ја дадоа граѓаните на Скопје.
Но, истовремено е и голема обврска да работам одговорно, посветено и силно, со јасна визија, конкретни резултати и многу дела.


♥️ Благодарен сум за секоја поддршка, за секој скопјанец што препозна искреност, посветеност и дела зад зборовите.
Ќе бидам градоначалник на сите, без разлика на верска, национална, партиска или било каква припадност.
За мене поделбите не постојат – она што е моја водилка е обезбедување на подобра иднина и достоинствен живот за сите.
И тука нема да се штедам. Го имате мојот збор!
️ Скопје, почитувани, го менуваме од корен!
Уште од вечерва, во 20:30 часот, започнуваме со првата голема акција, а тоа е за 72 часа да го исчистиме Скопје, токму како што ветив.
А утре, започнуваме со темелна реорганизација на јавните претпријатија и нормализирање на состојбите во нив, за градот конечно да функционира како што скопјани заслужуваат.
Скопје ќе добие и нови проекти а дел од нив ги започнуваме во наредните денови – инвестиции во инфраструктурата, образованието, спортот, животната средината, но ја враќаме и транспарентноста – Скопје конечно ќе биде отворен град.
Време е!
