HomeАктуелноПензиите скокаат – еве колку пари ќе добијат пензионерите од март

Пензиите скокаат – еве колку пари ќе добијат пензионерите од март

Пензионерите во март ќе добијат по 1.000 денари покачување на пензиите. Останува линеарното усогласување, дециден е премиерот Христијан Мицкоски.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според Мицкоски, со тоа се намалува јазот и се зголемува правилната распределба на приходите, а се намалува и стапката на сиромаштија, бидејќи статистиката покажа дека пензионерите се најсиромашната група граѓани.

Заклучно со април 2026 година заедно со претходните покачувања, вкупното линеарно зголемување на пензиите ќе биде за 7.000 денари и нема да има пензија под 15.000 денари – вели премиерот.

150.000 пензионери, пред да почне ова линеарно зголемување, имаа пензии кои што беа околу 10 до 12 илјади денари. 150.000 пензионери од 330.000. Што значи дека тие сега веќе, со овие 7.000 денари линеарно зголемување, немаат пензија која што е, која што е под 15.000 денари, односно тие се движат од 17 до 19.000 денари. И како влада ќе продолжиме во таа насока, рече Мицкоски.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.