HomeАктуелноПецаков ја прими словачката амбасадорка: Охрид и Нитра кон поблиска соработка

Пецаков ја прими словачката амбасадорка: Охрид и Нитра кон поблиска соработка

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков денеска во својот кабинет  ја прими новоименуваната амбасадорка на Република Словачка во државава,  Ивета Хрицова.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Соговорниците ги разгледуваа можностите за  потпишување Меморандум за соработка  помеѓу  Охрид и Нитра,градовите од Македонија и Словачка  кои  ги обединува наследството на Светите браќа Кирил и Методиј, а имаат и приближно ист број на жители и изобилие од културни знаменитости.

Се разговараше и за учество на словачки уметници и словачка ноќ на најпрестижната културна манифестација кај нас, фестивалот Охридско Лето. Беа разменети мислења и за актуелните политиччки случувања во земјава и регионов.

Словачка е силен и искрен поддржувач на евроинтеграцискиот пат на  Македонија. Македонската амбасада во  словачкиот град Братислава  е отворена во  2021 година и е  важен придонес за унапредување на билатералното партнерство помеѓу двете држави.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.